Македонија ќе купува гас наместо струја од Србија, граѓаните ќе се топлат ама во мрак!

Читаност: 12
Време:46 Секунди

Во домовите во Скопје ќе има парно на 15 октомври, вели Виктор Андонов, советник за енергетика во Кабинетот на премиерот.

Во прилог на ваквото тврдење Андонов рече дека за разговорите со Србија за набавка на гас постои оптимизам кај двете страни дека ќе завршат, ќе функционира договорот и оти ќе се обезбедат потребните количини гас за работа на ТЕ-ТО и на топланите.

Вториот аспект, посочи, е дека тие електрани имаат и резервно гориво, односно може да работат и на мазут, што значи дека доколку не се договори опцијата за гас и не се обезбедат доволно средства за набавка на природен гас по берзански цени постои и резервна варијанта, а тоа е работа на мазут.

-Така што, се надеваме дека таа крајна варијанта нема да дојде и ќе ги обезбедиме претходните. Ако не се договориме, дополни, топланите ќе работат на мазут, а количините ќе се обезбедат, за што се разговараше со Грција – рече Андонов.