Никогаш во Гора немало Бугари, ниту ќе има – македонското друштво Илинден ги повика Македонците да се попишат

„Ги повикуваме Македонците во областа Гора и цела Република Косово, на пописот на населението и домаќинствата, што почна денеска и ќе трае до 17 мај годинава, да се попишат она што од секогаш биле – Македонци, со мајчин македонски јазик“, пишува во повикот на македонско друштво Илинден од Тирана, Албанија.

„Жителите во областа Гора, не се ништо друго, освен етнички Македонци, дека се неотуѓив, нераскинлив и неотстапен дел од македонскиот народ.Ги осудуваме напорите на бугарските власти за притисоците врз Македонците на Косово, да се попишат како етнички Бугари. Исто така потсетуваме дека етнички Бошњаци и Бугари во областа Гора никогаш во неговата историја немало, нема, ниту ќе има, како што ги нема ниту во Република Албанија“, наведува друштвото, во повикот потпишан од претседателот Никола Ѓурѓај.

Loading