АПАСИЕВ почнува да се открива – можна коалиција со СДС!?

Апасиев најави дека би коалицирал со СДСМ, но не и со ВМРО-ДПМНЕ!

Во јавноста се јавуваат многу сомнежи дека Левица одработува за СДСМ.

Во гостувањето на „Сител Подкаст“, лидерот на Левица Димитар Апасиев се осврна на структурата на Левица.

-Ние педантно и паметно ја развиваме структурата и партијата. Не би влегле по секоја цена во Влада како Алијанса и другите со две министерски места, со 100 вработувања. Платформа или се договараме политички, па после кадровски ќе зборуваме. Кредитот кој ние го создаваме сите години не би го прокоцкале така. Математиките велат дека по следни избори ќе видиме дали би имале влада. Битно е платформски, пример 15 точки од кои нема отстапување. Мене не ми е битно кој ќе е директор, дециден е Апасиев.

Апасиев вели „Ние НЗС со ДПМНЕ не може да најдеме“, притоа алудирајќи дека можна е коалиција со лева опција, веројатно СДСМ.

-Нашата програма е радикално левичарска, ние НЗС со ДПМНЕ не можеме да најдеме. Во економија тие се рамни ниски даноци, ние сме за прогресивни и повисоки даноци за богатите. Не е ни природно Левица да коалицира со десница. Ако ви текнува примерот за Сириза, они си отстоија неколку мандати чекајќи го народниот револт. Ципрас така направи влада, вели тој.