ГОРДАНА од Куманово порача: Ќе составам мал претседателски кабинет но со најкомпетентни лица!

Во својот говор Професорката Силјановска Давкова порача:

„Најдобрите врз основа на компетентност ќе ги промовирам на најодговорни позиции! Ќе составам мал претседателски кабинет но со најкомпетентни лица. Треба да се продолжи со регрутирање на дипломатите од редот на оние кои се дипломати од кариера. Но се разбира, доколку и тие не ја претставуваат Македонија како што заслужува, тогаш треба да се вратат дома. Во комисијата за надворешни работи, наместо како досега воопшто да не се појавуваат, треба кандидатите за дипломати за да образложат што ќе прават во другите држави. Тоа мора да стане редовна практика Во мултилтералата нема мали и големи, таму треба да седат највидните дипломати!

Во Судскиот совет ќе предложам врвни правници кои се почитувани во својата фела. Не партиски активисти. Правници на кои им веруваат на граѓаниите! Така, низ рентген ќе ги разрешуваат најлошите и ќе ги избираат најдобрите. Ќе ценат не само квантитет на пресуди, туку и квалитет на пресудите. Ова важи и за Уставниот суд. Уставните судови во светот се едни од најпочитуваните институции. За жал, кај нас не е така! Се луѓе кои се блиски до партијата и политиката доаѓаат до еден статус што не го заслужуваат. Па тој што ги поставил е нивниот устав, а не Уставот и законите. Тука претседателот мора да води бескомпромисна битка“, вели Силјановска – Давкова.