Гордана Силјановска- Давкова од Гостивар: Нема да одам на преговори, да разговарам за Македонија, за Уставот, пред претходно да се договорам со Владата и Собранието

Во рамките на кампањата за претседател на Република Македонија на кандидатката проф. д-р Гордана Силјановска- Давкова се одржа митинг во Гостивар. Во својот говор професорката Силјановска-Давкова порача: Моето прво ветување до граѓаните е следново – никогаш нема да одам на преговори, никогаш нема да разговарам за Македонија, никогаш нема да разговарам за Уставот, пред претходно да се договорам со Владата и со Собранието за тоа! Не без да имам тези на хартија, без да имам варијанти и предлози. Не! Во спротивно, вие сте политичка вејка. Па тогаш, тоа што ќе ви го издиктираат, ќе го донесете овде како тројански коњ. А, потоа дури и ќе тврдите дека сте учествувале во неговото креирање. Тоа е неодговорен претседател! Тоа е неодговорен премиер! Тие се восхитени од средбите со странските државници бидејќи не се почитуваат себе си. А не се почитуваат зашто нема што да почитуваат во себе. Ним луѓе со интегритет и дигнитет им пречат.“

Таа додаде и дека покрај консултациите со Владата, бидејќи меѓу двете глави мора да има секогаш дијалог, компромис и заедничка политика, се разбира дека треба да се советувам и да настапувам и пред пратениците. Сите парламенти се главни креатори на сите политики, па и на надворешната и на безбедносната политика. Таму треба да оди претседателот! Не само како Дедо Мраз пред Нова година, туку многупати! Многупати,за да праша: – Со каква политика, со каква платформа, со каква стратегија да настапиме? Регионална, европска или меѓународна?

„Секој ден се заблагодаруаат по трибините за разбирањето за „тешките државнички“ политики. Но повеќе од 70 % од граѓаните велат: – Не е точно дека таквите политики се во наш интерес. Тоа се политики кои ние не ги одобруваме“, потенцираше Силјановска – Давкова.