ДОБРО УТРО со АМАТЕРКАТА – „НАШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СТЕВО ГО ШУТНА КАНЧЕТО“

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

НАШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СТЕВО „ГО ШУТНА КАНЧЕТО“

Во демократските земји политичките соочувања се сосема нормална работа, но во Македонија дебатите се реткост. Со години наместо политички дијалог, гледаме монолог. Политичарите за настапи преферираат прес конференции, испраќаат соопштенија и внимателно избираат на кои медиуми ќе се појават, но сами, вешто избегнувајќи го политичкиот противник. Комуниколозите велат дека политичарите избегнуваат дебата оти не сакаат да слушнат поинакво мислење.

Некои велат дека дебатите се клучни за успех. Други пак, дека станува збор за забава на публиката и оти не влијаат многу. Некои политичари се плашат од нив, други, пак, напротив ги посакуваат како еден од начините да ги придобијат гласачите. Станува збор за предизборните телевизиски дуели. За престојните претседателски избори, во првиот круг беше најавено соочување на кандидатите за претседател по „рецептот“ на американските соочувања со оглед на тоа дека истите се најпознати. Најдобар показателите колкав интерес владее во американската јавност за  претседателски избори е ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТА за истите. Така, првото од трите предвидени телевизиски соочувања на кандидатите за претседател на Соединетите Држави, Хилари Клинтон и Доналд Трамп во 2016 година, стана едно од најгледаните во долгата американска историја на изборни дебати. Преносот го следеа над 82 МИЛИОНИ гласачи. Претходниот рекорд бил постигнат пред 36 години кога се соочија демократот Џими Картер и републиканецот Роналд Реган во 1980 година кога републиканецот Роналд Реган исто така заостанувал во анкетите зад Џими Картер околу три отсто, но по ТВ дебатата имал предност од три проценти.Со оглед на тоа се поставува прашањето дали станува збор за забава на публиката или за момент во кампањата која може да ги реши неопределените гласачи да одберат некој кандидат поради неговиот добар настап. Дебатите, според аналитичарите, можат да го променат клатното во анкетите и до ЧЕТИРИ ОТСТО, но обично по извесно време тој раст се намалува. Како и да е, претседателските дебати во САД во минатото имаа извесно ВЛИЈАНИЕ ВРЗ РЕЗУЛТАТОТ од изборите, па затоа кандидатите добро ја подготвуваат стратегијата како да им доскокнат на ривалите.Проблемот за неодружување  на едно вакво соочување во нашата држава  е отсуство на  ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ! Неприфаќањето на соочување од страна на кандидатот Пендаровски е уште еден доказ дека неговите монолози за развој на демократијата, владеење на правото, „одлучните чекори “ за ЕУ и фалбите за НАТО членството како  и стремежот за создавање на држава налик на погоре споменатата (САД) се само флоскули со кои се служи за замајување на гласачите. Со овој негов потег самиот се демантираше себеси. „НАШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СТЕВО го шутна канчето“ . Со овој потег „ го разлеа“ демократскиот наратив кој си го препишуваше на себе сите овие години. И што е најважно, можеби како досегашен Претседател „на сите граѓани“ како што умее да се пофали има должност да излезе на соочување, а преку исттото да даде ИЗВЕШТАЈ за досега сработеното, впрочем тој би бил во предност пред сите останати кандидати, нели? Очигледно дека не е така. И покрај петгодишниот мандат, за жал и тој  остана со „ЌЕ“ кампања. Единствено што може со факти да го потврди е дека тој бил „нашиот Претседател“.