Уште 11 дена до големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и црвен картон за Пендаровски

Уште 11 дена до големата победа на ВМРО-ДПМНЕ. Уште 11 дена кога народот ќе му го даде црвениот картон на Стево Пендаровски. Уште 11 дена кога граѓаните ќе излезат и масовно ќе ја поддржат Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија, повика Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од општина Илинден.

„Почитувани граѓани денеска се наоѓаме во најбрзо растечката општина, во Општина Илинден. Нашиот градоначалник и покрај тоа што се соочува со опструкции од централната власт, продолжува да ги реализира проектите. Со новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Илинден ќе се слеат над 9 милиони евра дополнителни за инфраструктурни проекти, за Илинден повторно да биде горда општина, за граѓаните на Илинден  повторно да бидат горди, за Македонија да биде повторно горда.

Ве повикувам на 24 април сите масовно да излеземе и да дадеме поддршка на Гордана Силјановска Давкова“, порача Ковачки.