ДЕНЕС Проф. Силјановска Давкова на суд во ОДБРАНА НА ЗАКОНОТ

И на Управен суд проф. Гордана Силјановска Давкова ќе го брани ставот дека Академијата за судии го прекршува Изборниот законик со тоа што во моментов води постапка за вработување на 130 слушатели за идни обвинители и судии.

ДКСК едногласно го поддржа нејзиниот приговор, но АСЈО поднесе жалба до Управниот суд, кој најкасно до недела мора да се произнесе за предметот.

Судечки совет на овој случај ќе бидат Дитурије Елези Незири, Ана Герасимовска и Даниела Антовска, судии во Управниотсуд.

Од страна на Академијата за судии претставник ќе биде директорката Габер Дамјановска.

Рочиштето се одржува денес во 14.30 во Управниот суд, Скопје.