Кога ќе речат „КАКО ДО СЕГА“, мислат на тендери во 4 очи, на повеќе имот за Груби, на уште некоја „Соравија“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по митингот во Гостивар вечерва објави дека со заокружување на број 2 на 24 април за Силјановска Давкова, Македонија ќе биде повторно горда, а на Пендаровски ќе му помогнеме да ги пакува куферите.

-Секогаш кога имаме влада од СДСМ, има директен удар врз македонскиот идентитет, затоа мора да се потсетуваме да не се заборави, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Гостивар.

Мицкоски рече да треба да не загрижува принципот во трите збора „како до сега“.