Управниот суд ја поништи одлуката на Антикорупционерите, за предметот повторно ќе се одлучува

Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 13.04.2024 година во 22.00 часот, судечкиот совет по предметот оформен по тужба поднесена од Јавната установа Академија зa судии и јавни обвинители “Павел Шатев” од Скопје, против Одлука од 11.04.2024 година на Државната комисија за спречување на корупција, ја донесе и јавно ја објави следнатa одлука:

Тужбата на тужителот Јавна установа Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев”Скопје, СЕ УВАЖУВА.

Одлуката на Државната Комисија за спречување за корупцијата од 11.04.2024 година, СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно одлучување на тужениот орган.

Тужениот орган е должен да постапи по одлуката на Управниот суд согласно член 33 став 3, 4 и 5 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Целосната одлука со образложение на истата ќе биде објавена во текот на утрешниот ден на Судскиот портал.