ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да каже дали го прифаќа условот на ДУИ за поддршка во вториот круг и претседателот на државата да се бира во Собранието?

Артан Груби го испорача условот на ДУИ, тој кажа дека услов за коалиција и поддршка во втор круг е ДУИ да добие ветување за избор на претседателот на државата во Собранието од наредните избори. Стево Пендаровски како слуга, поддржувач и човек што се восхитува на Али Ахмети да каже дали за него е прифатлив овој услов за поддршка во вториот круг, вели ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.
Пендаровски и СДС јасно да кажат дали ќе прифатат претседател на државата да се бира во Собранието, наместо директно од народот?

Наместо да бега од одговори, очекуваме јасен став од Пендаровски, колку и тоа да е тешко за него. Едноставно е ќе го прифати или не условот на Артан Груби и ДУИ претседател на Собранието да се бира во Сoбранието?

Македонија со Пендаровски, СДС и уценувачите од ДУИ тапка во место, а во голем број сегменти назадува. Потребно е народот да си ја врати државата. Промените се во рацете на граѓаните. Македонија повторно горда“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.