(ВИДЕО) Македонски Концепт: Поради момци како Артан Груби имиџот на Америка и на ЕУ во Македонија стана мочуриште

Претседателот на политичката партија Македонски Концепт, Петар Богојески даде изјава за телевизија Сител како реакција на вчерашното тврдење на Артан Груби од политичката партија ДУИ, кој на „Тема на денот” на телевизија Сител, на прашањето, кои партии ги гледа блиски до Русија, Артан Груби ја посочи политичката партија Македонски Концепт како една од тие партии.

Претседателот на политичката партија Македонски Концепт, Петар Богојески ја даде следната изјава за телевизија Сител :

„Прво се радувам што, Артанче ќе биде непријатно изненаден со новото проширување на американската црна листа. Второ, момци како Артанче се познати додека мафтаат со европско и американско знаме, ги преполнија џебовите со народни пари. Апелирам до американската Амбасада и Амбасадата на Европската Унија, да престанат да толерираат такви момци како него, бидејќи ради нив, имиџот на САД и ЕУ во Македонија стана мочуриште!”