Ковачки: Овие од СДС тотално забегале – вие навредувајте, ние ќе ве победиме!

Згрозен сум од однесувањето на Пендаровски Стево кој не пропушта можност да ја навреди неговата противкандидатка професорката Гордана Силјановска Давкова, реагира на Фејсбук Драган Ковачки, носител на третата изборна единица.

„Кај тој, па сега почнаа да ги охрабрува и нивните партиски послушници од СДС на митинзите. Пендаровски абе до пред малку се претставуваше како државник, и сега пак се демантираш самиот себе. Ах бре Стево, од бесрамник како тебе, државник не бидува.

Уште по згрозен сум што портпаролката на СДС Богданка Кузеска стои и се потсмева.

Овој примитивизам, ова недолично однесување е резултат на немање култура и нервоза од поразот. Овие од СДС тотално забегале.

Во СДС се натпреваруваат кој по голема навреда ќе каже. Но, ние од ВМРО-ДПМНЕ се натпреваруваме кој подобар проект ќе предложи и реализира за доброто на граѓаните, и затоа ќе ве поразиме.

Вие навредувајте колку сакате, ние заедно со народот на 24 април и 8 мај ќе ве победиме!“, вели Ковачки.