Пешевска до СДС: Го пробивте дното, да се смеете на говор на омраза кон жена, покажува колку сте уплашени

Не стивнуваат реакциите во јавноста по изречените навреди кон професорката и кандидатка за претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова изречени на митинг на противкандидатот Стево Пендаровски:

„Подолу не можете да отидете!

Баш таа жена, Гордана Силјановска Давкова ќе ве победи! А вие ќе останете на ѕидот на срамот! Вака реагира Жаклина Пешевска, кандидатка за пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ од „двојката“.