Новинарот Героски за средбата во вилата на Водно: „Шокантна работа, ова е ОСИГУРУВАЧОТ НА БОМБАТА – има тука и други интересни ликови“

Новинарот Бранко Героски во објава на Фејсбук го коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој праша какви планови ковал Ковачевски во вилата Водно со Груби, Ковачевски и Ахмети пред неколку месеци.

https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/7363629737091991?ref=embed_post

Да бидеме попрецизни, ова е осигурачот на бомбата.Колку што јас знам бомбата е нешто друго.Шокантна работа.Бидејќи во приказната не е само Груби, Ахмети, Ковачевски и Стево. Има тука и други интересни ликови.Ќе биде забавно-напиша Геровски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена упати прашања до Пендаровски во врска со тоа какви планови ковал во вилата на Водно со Артан Груби, Димитар Ковачевски и со Али Ахмети пред неколку месеци.

– Овој „чесниот“ Стево Пендаровски, добро е да каже што правеше и какви планови коваше во вила Водно во присуство на Артан, Ковачевски и на Ахмети, пред неколку месеци, поврзано со измените на Кривичниот  законик и евентуална можна амнестија на поранешни политичари. Со која цел? Со цел да поминат на шверцерски начин уставните измени и да се прифати бугарскиот диктат, но истовремено да се амнестираат поранешни политичари кои ќе му нанесуваат штета или ќе имаат обид да му нанесат штета ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „Твоја Македонија“. Стево Пендаровски треба на ова да одговори па потоа да дискутираме дали ќе одиме на дебата или нема да одиме од која патем кажано денес Стево како најголем кукавица избега – рече Мицкоски.