Силјановска Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучува повеќе жени!

Кога има жени во Армијата и на клучни фукции, на клучните позиции во државата, тогаш има поголеми гаранции за мир!

Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во војската мора да има ред! Во војската мора да има хиерархија! Во војската мора да има стандарди! Особено мора да ги почитуваме НАТО стандардите бидјеќи сме членка на сојузот!

Ова го истакна кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова од митингот во Прилеп.

-Меѓутоа ако и таму има политизација и партизација, ако нема доволни жени на клучни позиции, тогаш мислам дека прашалникот е голем. Зошто жени? Бидејќи и јас како и сите жени, сум горда и знам дека во сите области можеме да внесеме нешто ново. А важно е бидејќи главните жртви во сите војни се жените и децата. Кога има жени во Армијата и на клучни фукции, на клучните позиции во државата, тогаш има поголеми гаранции за мир!