Каде му се поддржувачите на Пендаровски во Скопје? – се фалеа дека ќе направеле голем сенароден митинг

Порталот Република објави фотографија од полу празни улици, без народ, без поддржувачи и членови на партијата на митингот на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за претседател Стево Пендаровски кој се одржа денеска пред зградата на ЕУ во Скопје, а беше најавен како голем сенароден митинг.

На митингот говореа Стефан Левен -претседател на ПЕС (Партија на европски социјалисти), Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ и Стево Пендаровски – кандидат за претседател на Република Македонија, а куси обраќања имаа и носителите како и коносителите на изборните листи на СДСМ и Коалиција, но многу малку граѓани дојдоа да ги слушнат и да ги поддржат.