ОТВОРЕНА ЗАКАНА ОД АХМЕТИ ДО МИЦКОСКИ „Не си ја барај бељата и бирај ги зборовите“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва од митингот на плоштадот „Македонија“,  му се закани на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски велејќи дека треба да внимава што зборува бидејќи уште е млад.

„Јас патував малку подолго и одвај чекав да дојдам тука кај вас за да му кажам неколку зборови на Христијан Мицкоски. Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со кекси (бисквити). Јас сум пораснат во кула од камен што трипати е изгорена од поробувачите. Христијан, народот мој вели дека камен по камен се гради тврдината, збор по збор започнува бељата, не започнувај беља (проблем). Не си ја барај бељата и бирај ги зборовите, уште си млад и устата млеко ти вади“, рече Ахмети.