Агелер: Ништо нема да се постигне со негласање
Амбасадорката на Соединетите Американски Држави(САД) во Северна Македонија, Анџела Агелер, преку официјалниот профил на амбасадата на мрежата Фејсбук упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да го дадат својот глас за кандидатот кој ги одразува нивните очекувања за иднината.
Утре во Северна Македонија ќе се одржи првиот круг од претседателските избори, на кои учествуваат седуммина кандидати.
„Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи… мора да гласаат. Тие мора да излезат таму и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, и ништо нема да се постигне со негласање“, пишува во пораката од Агелер.