ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА СО ПОВЕЌЕ ОД ДВОЈНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ПЕНДАРОВСКИ

Кандидатката за претседателка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова има повеќе од двојно водство пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, на 40% обработени гласачки места, објави Курир.

Според нашите информации, од досега обработените гласачки места Силјановска Давкова има добиено 44,29% од гласовите на граѓаните, а Пендаровски 20,88%.

Зад нив е Бујар Османи со освоени 10,90% од обработените гласачки ливчиња.

Максим Димитриевски 8,37%, Арбен Таравари освоил 7,37% од изброените гласови.

Од овие изброени гласови, за Билјана Ванковска се изјасниле 4,73%, а за Јакимовски 1,07%.

Неважечки се 2,40%.