ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ГО ЗГАЗИ ПЕНДАРОВСКИ СО НАД 130.000 ГЛАСОВИ

Според првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница од обработени 71,19 проценти од гласовите, односно 2 490 од вкупно 3 508 избирачки места, води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 247 366 гласови (39,15%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 121 228 гласови (19,19%).

Во моментов професорката Силјановска има обраќање во кое се заблагодари на сите граѓани кои денеска и ја дадоа довербата, им се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата, на новинарите поради објективноста во известувањето.