КОЈ со КОГО влегува во коалиција по 8 мај?

Мицковски најавува постизборна коалиција со Вреди Изет Меџити пак му порачува дека таа нема да биде безусловна и без промена на уставот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски пак денеска одговарајќи на новинарски прашања на оваа тема  вели тоа се барања на ДУИ кои се обидуваат да ги наметнат на секој можен начин но убеден е дека со ЗНАМ и албанската опозиција ќе ја формирал како што рече идната влада.

Сепак еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити денеска на пресконференција одговарајќи на новинарски прашања посочи дека главен услов за коалицирање со било која друга партија се токму уставните измени но и прифаќање и спроведување на нивната предизборна програма.

Партиите и нивните лидери и викендов во офанзива со меѓусебни прозивки и обвинувања откако лидерот на ДУИ Ахмети  му порача на Мицкоски  дека тој не одлучува со кој ќе прави влада туку одлучуваат мнозинството гласови на граѓаните кои кај албанскиот политички блок за свој победник го одбрале ДУИ и коалицијата која тие ја предводат .

– Платформата “Да за Европа, Не за Русија” беше наша, опозицијата сакаше само уништување на ДУИ, ги разбирам и двете затоа што им удри сонцето, но народот одлучува дали ДУИ ќе се уништи или не,  24 април го докажа тоа и потврди дека ДУИ не се распаѓа, но сега оваа ДУИ работи и делува, и со неа има уште 8 субјекти и овој Фронт на 24 април се соочи со опозицијата “ВРЕДИ”, а на 8 мај се соочуваме и со ВМРО. На 8 мај мора да победи субјектот чија мисија е членството на земјата во ЕУ, бидејќи успешно го завршивме членството во НАТО, од кое корист имаат сите граѓани. – рече Ахмети.

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски пак на средбите со граѓаните неколкупати го демантираше Мицкоски дека спремале бојкот со ДУИ и ги повижа граѓаните и членството масовно да излезат да гласаат и дека како што рече од првиот круг на претседателските избори ја примиле пораката од народот.

Караваните на политичките партии ниту денеска не мируваат. И денеска партиските агенди исполнети со митинзи и средби со граѓаните на кои лидерите меѓусебно од говорница си ги испраќаат политичките пораки за тоа кој ќе ја предводи а кој не идната влада.