Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности

На една недела до одржувањето на парламентарните избори и вториот круг на претседателските избори, продолжуваат препукувањата меѓу партиите, а во фокусот се и условите на партиите за постизборните коалицирања.

И од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ повикуваат на масовна излезност. ВМРО-ДПМНЕ очекува двојна победа, а од СДСМ порачуваат дека со иднината на државата нема тргување и дека единствениот пат е евроинтеграцијата.