Стоилковски: Каевски ниту еднаш не одговори како со првото вработување на 30 години набилда четири милиони во банка и сопствен стан?

 
Дарко Каевски ниту еднаш не одговори во јавност,како со првото вработување, како партиски подмладок за директор на АМС, на 30 години набилда четири милиони во банка и сопствен стан? СДС ниту еднаш не објасни како дојде до концептот голтари влезени во политиката, а потоа милионери, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Почитувани, одговорот можеби е во предметот на ЈО.

Предметот на ЈО за работата на Дарко Каевски како директор на АМС можеби е и поттикот тој толку ревносно да настапува против членови и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, најгласен во нападите и ширењето дезинформациите, но можеби е и причина за неговиот рапиден раст во СДС, до пратеник и портпарол.

Отпочната е постапка за сомневања за противзаконско работење и злоупотреба, дека спортските федерации, клубовите и спортистите добивале ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите потоа да ги добие назад преку даночно ослободување.

Почитувани, Македонија тоне во корупција и криминал, тоне во партизација, ликови како Дарко Каевски стануваат милионери, а неговите врсници се иселуваат од татковината.

Почитувани, со вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ на изборите, ќе гласате ваквите ликови како  Зоран Заев, Ковачевски, Венко Филипче, и нивните наследници како Дарко Каевски, да им биде испитан имотот и да одговораат за евентуални злоупотреби.

Промените се во Твои раце, Македонија повторно твоја!“, порача Стоилковски.