СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА ЗА МАСАКРОТ КАЈ ВЕЈЦЕ – ТРЕБА ДА МУ СЕ ИЗВИНИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!!!

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале затоа што ВМРО ДПМНЕ во 2001 година но и денес посакувало војна вели Стојанче Ангелов за оваа скандалозна изјава од страна на министерката.

„Колку за потсетување војната во 2001 ја започна т.н. ОНА или УЧК која во своето комунике број 4 јасно кажа дека нивна цел е ослободување на вековните албански огништа од славомакедонскиот окупатор. Со оглед дека вооржените дејствија се одвиваа во тетовскиот, скопскиот и кумановско – липковскиот регион се доаѓа до логичен заклучок дека според УЧК оваа територија е нивна а тие за да ја ослободат започнаа со напади и убивања на припадниците на македонските безбедносни сили а подоцна и на цивили Македонци.

Впрочем и тогашниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон најдобро опиша со кого си имаме работа дефиниријаки ги УЧК како убијци и разбојници“, вели Ангелов.