Професорката Гордана Силјановска Давкова му се заблагодари на Максим Димитриевски за поддршката на 8 мај

Професорката Гордана Силјановска -Давкова, денеска се заблагодари на лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски за  јавно изјавената поддршка од нејзиниот противкандидат во вториот круг од претседателските избори.

„Му благодарам на претеседателот на „ЗНАМ“, Максим Димитриевски (@m_dimitievski), за јавно изразената поддршка во вториот круг. Многу ми значи. Не ја заборавам. Ја сметам за храбар, демократски, инспиративен поттикнувачки и одговорен политички чекор“, напиша Силјановска на Твитер.

Како што објавивме претходно, претседателот на партијата ЗНАМ и кандидат во првиот круг од претседателскиот избори, Максим Димитриевски денеска најави дека во вториот круг на изборите ќе даде поддршка за канидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

„Ќе гласам во вториот круг на претседателските избори, нема да ги чкртнам ливчето, а мојата поддршка сигурно нема да ја добие Пендаровски“ рече денеска Димитриевски, со што најави дека ќе ја поддржи Давкова.