(ВИДЕО) ШЕСТ МЕСЕЦИ НЕ МРДНА СО ПРСТ Јавниот обвинител Љупчо Коцевски ја опструира правдата и ги штити криминалците

Љупчо Коцевски како шеф на ЈО повеќе од 6 месеци имаше можност да почне да си ја работи работата за која е платен од граѓаните. А тој не мрдна со прст, изјави на денешнатапрес конференција пратеникот Бране Петрушевски.

„Шест месеци Љупчо Коцевски не отвори ниту еден случај, а обвинителите бирани во Струмица и Зајас кои чудно се разболуваат кога треба да постапуваат наместо да ги суспендира, тој ги брани. Шест месеци ЈО ја опструира правдата. Обвинителите наместо да соработуваат со институциите бараат начин како да ескивираат. Обвинителите бирани во Струмица и Зајас, на кои им се влошува здравјето кога ќе треба да гонат криминал, се причина зошто довербата на граѓаните во правосудството е 2%“, вели Петрушевски.

Љупчо Коцевски, според Петрушевски, како шеф на ЈО е директно одговорен за неработата на ЈО и очигледниот заштитнички однос на одредени обвинители кон криминалците кои се  дел од поранешната власт.

„Го повикуваме Републичкиот јавен обвинител во најбрз можен рок да почне со постапување по закон. Граѓаните очекуваат правда, и владеење на правото, а не изговори“, порача Петрушевски.

 

Loading