Исплатата на регресот за годишен одмор или К-15 за вработените во образовните институции ќе се случи во текот на овој месец, информираше денеска од Штип, министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Таа информира дека до 31 декември ќе биде завршена исплатата на К-15.
На прашање дали ќе има промена на датумите за зимскиот распуст за учениците во основните и средни училишта, Јаневска со дециден одговор дека нема промена, односно учениците со одмор почнуваат од 1 јануари, а распуст завршува на 18 јануари, со што на настава учениците и професорите почнуваат од 20 јануари, во понеделник.
Јаневска изјави дека праќањето инспекција во училиштето „7 Март“ во тетовско Челопек е законско постапување и очекува и инспекторите да работат по закон.
Таа соопшти дека покрај во ова училиште, каде што на приредба ученици се облечени во воена униформа со амблеми на УЧК и со пушки во рацете, МОН има докази и слики со пријави за вакви настани во две училишта во Тетово и во училишта во Чаир и Струга, и дека инспекција ќе има и за тие случаи.
![]()

