Легендарната Лепа Брена утрово била пуштена од загрепската болница каде лежела по итна операција на ногата, која ја повредила за време на третиот концерт во Арена Загреб, објави српски Блиц.
Брена на Фејсбук, а и нејзиниот тим раскажаа како се случила несреќата.
„За време на синоќешниот трет концерт на Лепа Брена во Загреб се случи несреќа поради која омилената регионална ѕвезда утрово го оперираше зглобот. Операцијата е успешно извршена и пејачката се чувствува добро. Несреќата се случила кога член на техничката екипа движејќи се наназад случајно паднал на бината во кој во тоа време била и пејачката. Снимателот паднал директно на Брена и ја повредил. И покрај болката, таа уште еднаш покажа неверојатна професионалност и беспрекорно го изведе концертот до крај, понесена од еуфоријата на публиката и желбата да не ги разочара своите обожаватели. Овој храбар чин е само уште еден доказ за нејзината големина, посветеноста кон музика и љубовта кон фановите“, се вели во официјалното соопштение.
По препорака на лекар, неопходен е процес на опоравување, па најавените концерти кои требаше да се одржат денеска и на 16 декември се одложуваат.
![]()

