Христијан Мицкоски во екот на кампањата за парламентарните избори имаше една многу силна, а истовремено и многи непријатна за слушање порака ако си во кожата на Али Ахмети, лидерот на ДУИ и за сите околу него, посебно за сега веќе чистиот како солза бегалец Артан Груби:
„Ќе одиш во политичка пензија како обичен криминалец кој што ќе го паметат и Албанците, и Македонците, и Турците, и Ромите, и Србите, и Бошњаците, наместо да завршиш како идеолог!, му порача Мицкоски пред седум месеци на Ахмети потсетувајќи го, како што го нарече, востаникот, дека членови на неговото семејство возат ролс ројс, мерцедеси, мајбах, ренџ ровер џипови, имаат возен парк од неколку милиони евра.
Да се потсетиме на изјавата на Мицкоски:
„И додека Ахмети ги убедува Албанците во Македонија дека е востаник, си врват бизнисите, си врват тендерите, милионите, и еврата завршуваат во џебот и на конто во семејството. Вистина е тоа Али Ахмети, дека ти си востаник ама сега во овие 23 години постепено но сигурно се претвори во ништо повеќе од обичен криминалец. И наместо да завршиш како идеолог, во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец кој што ќе го паметат и Албанците, и Македонците, и Турците, и Ромите, и Србите, и Бошњаците, итн.“, порача Мицкоски во жешката камшања пролетоска.
По нецела година од ова прогноза на Мицкоски за некогашниот коалициски парнер на кој новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ му ги затвори вратите на власта ДУИ е исправена пред лицето на правдата од една страна, а од друга соочена со уште подлабок раздор во партијата меѓу оние кои се притиснати да бараат епилог на отчетот за криминалот и корупцијата во политичка пензија на вечниот лидер и оние од старата гарда кои исто така се залагаат за промени но завиткани во некаков друг, велат софистициран, целофан од оној на младите.
Политика дознава дека токму на младите ќе падне к’сметотк да го отворат ова горчливо прашање за востаникот Ахмети на чело на партијата, кои секако со длабок респект према лидерот и тоа што тој го направи за Албанците, но и за малкумина околу него во сиве овие години наназад. Сепак ќе мора да побараат оставка од почитуваниот лидер кому ќе мора да му го извагаат и тоа што не го направи за Албанците и за партијата. Најмногу на вагата ќе натежне штетата што Ахмети им ја направи на сопартијците тапкајќи го по рамо осомничениот Артан Груби во дилот со неговиот побратим од црната листа на САД Сашо Мијалков. Да е само тоа….
Всушност, црната листа на САД му ги пакува политичките куфери на Ахмети….
Политика дознава дека мачната задача да му погледне во очи на лидерот и да му побара ОСТАВ и секако прошка поради незгодниот чин му паднала на младиот Бујар Османи кој може да се нафати на таков чекор со поддршка на скопското крило, или како што велат нашите извори, уште поарно ако за тоа добие амин од еден од внуците на Ахмети.
Секако, дека оваа вторава поддршка би можела да влета во сценариото за ОСТАВ на лидерот Ахмети, во случај сериозно да се разбрани пораките што ги испрати САД преку црната листа кои требало да бидат прифатени од вечниот лидер и да се преточат во политичко пензионирање.
Османи е во игра, според нашите извори, не само како аберџија пред Ахмети, туку и како негов наследник. Додуша, овие шпекулации за наследникот на Ахмети, веќе подолго време се вртат во политичките кругови. На оваа тема прифаќаат неофицијален разговор и оние кои добро ги познаваат приликите кај инегративците и велат дека расколот на политичките крила во ДУИ не е ништо ново по многу други прашања, па така и за наследникот на Ахмети.
Старата гарда секогаш ќе има што да им паметува на помладите, па и на оние кои немаат баш премногу симпатии и поддршка за лидерската позиција да му се обезбеди на Османи. Некои велат дека несомнено е дека ќе се случи политичката пензија на Ахмети, но таков потег нема да биде поттикнат пред локалните избори.
Дали еден од внуците на Ахмети, близок до поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи ќе застане на страна на Османи во битката за првата фотелја во ДУИ по заминувањето на Ахмети од лидерската позиција, е неофицијална информација која ја дознававме од луѓе блиски на инегративците.
Сепак, оваа информација не успеавме да ја потврдиме затоа што во ДУИ денеска не беа расположени да одговорат на нашите повици.
Вториот внук на Али Ахмети, Бесијан Ахмети, беше назначен од Османи кога тој беше министер за надворешни работи за прв секретар во Амбасадата во Брисел, но беше отповикан од дипломатската функција кога дојде новата власт.
Министерот за економија, Бесар Дурмиши пред неколку месеци побара од МНР согласно систематизација да се врати на работа во Министерството за економија, ќе треба да работи во новото Министерство за енергетика оти пред да стане дипломат работел како помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали кога на чело на министерството беше Крешник Бектеши, исто кадар на ДУИ.
Неофицијално, од луѓе блиски на ДУИ, дознаваме дека е можно едно сосема поинакво сценарио, кое ќе бара малку повеќе време и промени на партискиот статут. Тоа на некој начин, би значело воскреснување на идеја стара повеќе од 20 години – да се формира партиски Совет на мудрите, кој би бил иницијатор на барањето за заминување на Ахмети од лидерската позиција, а на долгогодишниот лидер да му се обезбеди почесно место во партијата.
Има ли вистина или се само политички приказни овие информации денеска сакавме да дознаеме од прва рака. Политика се обиде да разговара и со партиски функционери на ДУИ и со нивни членови токму околу реформирањето во партијата, но не успеавме да воспоставиме контакт со Бујар Османи, кој не одговри на телефонските повици, а ниту на СМС порака. Се обидовме да контактираме и со поранешниот министер Крешник Бектеши и Арбер Адеми, но и тие не одговорија на нашите повици. Го побаравме и Фатмир Дехари, но тој беше недостапен.
Молкот на ДУИ кога станува збор за реформи во партијата кои неизбежно би требало да се случат посебно откако на црната листа на САД се најдоа партиски моќници трае подолго време. Затоа пак, Коалицијата ВЛЕН речиси секојдневно ја повикува ДУИ да го почне процесот на реформирање затоа што од партија која продаваше со години европски вредности се најде на црната листа.
Оттаму, прашавме во ВЛЕН, дали ДУИ ќе собере сили да се реформира почнуваќи од промени на кормилото на партијата или ќе тргне по патот на самоуништување преку закани за дестабилизација и игнорирање на барањата за партиски отчет и одговорност поради сериозните индиции за сторен криминал?
„Дали ДУИ ќе се реформира во програмска и кадровска смисла е нивно внатрешно прашање. Нашите апели за реформи на албанската опозиција се исклучиво во насока да се обезбеди општествено-политичката улога која сега им е доделена, а тоа е да бидат вистински коректив на власта и да се натпреваруваме пред гласачите со програмски определби како што приличи на едно демократско општество. Доколку останат глуви на барањата на Албанскиот народ, тогаш, со вакви застарени методи на политичко делување, корумпирани кадри и повици дестабилизација, речиси сигурно е дека ќе се доведе во прашање нивното понатамошно егзистирање на политичката сцена“, велат од Коалицијата ВЛЕН за Политика.
Политика и во текот на утрешниот ден ќе продолжи да трага по одговорите на сите наши неодговорени прашања.
.
![]()


2 thoughts on “ЦРНАТА ЛИСТА МУ ГИ СПАКУВА КУФЕРИТЕ НА АХМЕТИ Рововска битка за лидерската фотелја, кој ќе го наследи?”
Comments are closed.