Можно ли е еден од внуците на Ахмети, близок до поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи да застане на страна на Османи во битката за првата фотелја во ДУИ по заминувањето на Ахмети од лидерската позиција, е неофицијална информација која ја дознава Политика од луѓе блиски на инегративците.
Сепак, оваа информација не успеавме да ја потврдиме затоа што во ДУИ денеска не беа расположени да одговорат на нашите повици.
Вториот внук на Али Ахмети, Бесијан Ахмети, беше назначен од Османи кога тој беше министер за надворешни работи за прв секретар во Амбасадата во Брисел, но беше отповикан од дипломатската функција кога дојде новата власт.
Министерот за економија, Бесар Дурмиши пред неколку месеци побара од МНР согласно систематизација да се врати на работа во Министерството за економија, ќе треба да работи во новото Министерство за енергетика оти пред да стане дипломат работел како помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали кога на чело на министерството беше Крешник Бектеши, исто кадар на ДУИ.
Повеќе детали прочитајте на следниов ЛИНК на Politika.com.mk
![]()

