ВНИМАВАЈТЕ ИМА ЛАЖЕН ПОЛИЦАЕЦ ВО СКОПЈЕ измамил и исплашил скопјанка

СВР Скопје информира дека 65-годишна жена од Скопје пријавила дека  била измамена од едно лице за сума од 45.000 денари.

Според пријавата, измамникот ја контактирал телефонски, се претставил како полициски службеник и ѝ кажал дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да ја ослободат.

Потоа таа ги оставила парите на местото каде што ѝ кажало лицето, односно во корпа во парк Жена Борец, а подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Loading