Казахстанската влада соопшти дека засега нема официјално објаснување за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс во кој вчера загинаа 38 лица.
Заменик-премиерот на Казахстан рече дека владата не може ниту да потврди ниту да негира дека авионот паднал откако над Чеченија бил погоден од проектил од рускиот систем за противвоздушна одбрана.
Американски функционер претходно за Ројтерс изјавил дека постојат индиции дека авионот на Азербејџан ерлајнс кој се урна вчера во Казахстан бил погоден од рускиот противвоздушен систем.
Функционерот, кој сакал да остане анонимен, додал дека ако индициите се покажат како точни, тие ќе ја истакнат негрижата и непромисленоста на Русија во војната против Украина.
Втората црна кутија е пронајдена на местото на авионската несреќа што се случи вчера во близина на градот Актау на западниот дел на Казахстан, изјави окружниот сообраќаен обвинител на Мангистау, Абилајбек Ордабаев.
„Во авионот се пронајдени две црни кутии. Тие ќе бидат предадени на одделот за истрага на воздушни несреќи, а потоа ќе бидат прегледани“, рече тој на прес-конференција.
Според него, од повредените се земени изјави и се идентификувани сите сведоци, а се испитува и видеото од радио врската меѓу диспечерот и екипажот
![]()

