БОГОЈЕСКИ: Се срамам што не можам да направам повеќе за ова прашање

Скопје, нашиот главен град, се наоѓа меѓу најзагадените градови во светот, место каде што секое десетто дете го губи својот живот поради загадениот воздух. Ова е трагедија која нè засега сите и ја отсликува нашата неспособност да се соочиме со проблемот. Ние не сме доволно одговорни ни пред себе, ни пред своите деца, кога дозволуваме тие да растат и живеат во ваква нездрава средина. Одговорноста започнува од секој од нас, индивидуално, а потоа колективно.

Лично се срамам што не можам да направам повеќе за ова прашање, но верувам дека сите заедно, преку одговорност и акција, можеме да донесеме промени и да обезбедиме подобра иднина за нашите деца. – изјави за Политика лидерот на политичката партија Македонски Концепт, дел од владината коалиција.

Loading