Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла понекаде во котлините. Утринските температури ќе бидат претежно околу нулата, а дневните температури во делови од земјата ќе надминуваат 10 степени.
Од денеска ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Врнежи се очекуваат и на крајот од неделата и ќе бидат со слаб, а во западните делови со умерен интензитет.
Во Скопје, претпладне со појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд.
![]()

