Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше во својот прв говор сега веќе поранешниот претседател Џо Бајден кој пред заминувањето од Белата куќа превентивно помилува неколку политички личности и членови на своето семејство.
„Тој помилува луѓе кои се многу, многу виновни за многу сериозни злосторства“, кажа републиканецот во вториот говор по инаугурацијата, особено осврнувајќи се на членовите на парламентарниот истражен одбор кој ја осуди неговата улога во упадот во Капитол на 6 јануари 2021. Трамп истакна дека помилувањата на Бајден се срамни.
Непосредно пред да му ја предаде власта на Трамп, Бајден, сакајќи да спречи можна одмазда превентивно помилува одделни функционери и државни службеници како и пет члена на своето семејство, наводно заштитувајќи ги од можна одмазда од Трамп.
Имајќи предвид дека неговиот републикански наследник вети дека „ќе им се одмазди“ на своите политички противници, 82-годишниот демократ на заминувањето реши да ги заштити луѓето од „црната листа“ на Трамп од „неоправдани и политички мотивирани правни постапки“.
Во последните часови од неговото претседателствување, експретседателот на САД Џо Бајден издал превентивно помилување за неговите браќа Џејмс и Френк, заедно со неговата сестра Валери, и нивните сопружници.
– Моето семејство беше подложено на немилосрдни напади и закани, мотивирани исклучиво од желбата да ме повредат – најлошиот вид на партиска политика. За жал, немам причина да верувам дека овие напади ќе завршат – рече Бајден.
![]()

