Скопјани за денеска најавија протест по трагичната несреќа во која загина Фросина Кулакова, млада дизајнерка од Неготино.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат најстрога казна за виновникот, но и за судијата кој му го укинал притворот на 20-годишниот возач Васил Јованов, кога го осудил за поседување дрога.
„Утре, освен што ќе ги „бојкотирате” маркетите, појдете на “Партизанска”, пешачкиот кај Силбо, во 13:00 и заедно да го блокираме булеварот!!! Можеби некој од надлежните ќе отвори очи!!! А, и ние родителите, да си ја чукнеме малку главата!!!“, стои во најавата.
Како што објавивме претходно, осомничениот 20-годишник, на 29 јануари управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственсот на неговиот татко по десната сообраќајна лента од булевар „Партизански Одреди“. Меѓутоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето, наведуваат од ОЈО.
![]()

