Познатиот моден дизајнер Изет Цури, кој со години работи и живее во Париз е професор на 22 годишната Фросина Кулакова од Неготино која загина на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.
Фросина пред само седум месеци ја воодушеви јавноста со нејзините модели на годишната ревија на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ каде студираше.
Преку социјалните мрежи, со заедничка фотографија, од Фросина се прости професорот.
Фросина го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин во Скопје. Според информациите од МВР, возачот, 20-годишниот В.Ј., во моментот на несреќата возел без возачка дозвола, со брзина поголема од 120 километри на час, поминувајќи на црвено светло под дејство на алкохол.

![]()

