ДОБРО УТРЕО со Аматерката со „ЗНАМ“ и „НЕ ЗНАМ“

пишyвa д-p Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

КОГА „КОНСТРУКТИВНОСТА“ ЗНАЧИ ОПСТРУКЦИЈА

Во светот на политичките фикции, СДСМ сега глуми конструктивна опозиција – улога што им доаѓа природно колку што на слон му доаѓа да танцува балет. Откако со епски пораз ја загубија власта, нивниот нов омилен збор е „конструктивност“. Го повторуваат со ентузијазам како да е магична формула што ќе ги врати во игра. Само што во македонската политика „конструктивност“ често значи „ќе се правиме паметни додека саботираме сè што можеме“.

Да се биде опозиција значи да знаеш да критикуваш, ама да нудиш и алтернативи. Ама, кој би очекувал такво нешто од СДСМ, кога најголем дел од нивните функционери сè уште се во фаза на шок и не можат да прифатат дека некој друг сега носи одлуки?

Нивниот обид да бидат „гласот на народот“ звучи повеќе како екс-менаџер кој е лут што го смениле од функција. Одеднаш, сите проблеми што ги игнорираа со години станаа „горливи прашања“. Енергетската криза? „Владата мора веднаш да реагира!“ (иако до вчера беа неспособни да ја решат). Инфлацијата? „Ова е катастрофа!“ (што чудно, додека беа на власт, не беше толку голема тема).

Досегашните потези на СДСМ во парламентот не изгледаат многу конструктивно. Наместо да предлагаат реални решенија, повеќе се фокусираат на тоа како да ја закочат владата. Дебатираат за процедурални трикови, протестираат против одлуки што самите ги донесоа кога беа на власт и најмногу сакаат да држат прес-конференции со зборовите „ова е скандал“.

Проблемот? Никој не им верува. Кога го критикуваш оној што те замени на функцијата, но не нудиш ништо поконкретно од „ние ќе направевме подобро“, изгледаш како лош губитник. Народот сака да види идеја, стратегија, визија – а не само лажна загриженост.
Никој не им верува бидејќи неодамна и самите социјалдемократи се поделија на „знам“ и „не знам“!

Очекувано, фракцијата „не знам“ моментално е побројна, а „знам“ се обидува да ја докаже својата ретка и загрозена егзистенција. Ова е група политички оптимисти што веруваат дека знаат што прават приклучувајќи се на владиното мнозинство. Тие мислат дека имаат план, идеологија, па дури и стратегија. Замислете, си мислат дека можат да ја обноват партијата, да ја вратат довербата и да создадат некоја визија. Смешно, нели? Многу веројатно не.

На крајот, СДСМ ќе се врати на својата природна состојба: хаос, внатрешни поделби и обиди за некакво ребрендирање. За жал, тие сè уште не разбираат дека довербата не се враќа со празни фрази, туку со реална работа.

А кои се „не знам“? Ах, тоа е вистинскиот СДСМ – партијата на политичкиот амнезијачен синдром. Оваа група нема став за ништо, освен за тоа дека некој друг им е виновен.

Додека СДСМ си игра политички судоку, обичниот народ се занимава со други егзистенцијални прашања, како што се цените на храната, платите и егзодусот на младите. А додека политичките аналитичари се обидуваат да дешифрираат кој со кого се кара и кој кого предал, народот одамна ја изгуби надежта дека нешто ќе се смени.
Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ со насмевка од страна набљудува како едните мислат дека знааат, и другите  гордо признаваат дека не знаат, и со нетрпелливост ги очекуваат  оние третите –  „ни ваму – ни таму“!

Loading