Пензионерите во април ќе добијат за 2.500 денари зголемени пензии

Пензионерите со мартовската пензија, која ќе им биде исплатена во април, ќе го добијат вториот дел од линеарното покачување од 2.500 денари, потврди Мицкоски.

„Со ова покачување, ‘ЈВ индексот’ е доведен во некоја си нормала, бидејќи е намалена разликата меѓу екстремно сиромашното население и екстремно богатото“, изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд побарале од Владата да се зголеми границата за пензионирање.

„Жестоко се боревме тоа да не се случи освен оние што сакаат да можат да работат до 67 години старост. Застанавме позади правата на граѓаните и работниците. Бараа и зголемување на ДДВ-то и ме прашуваа зошто не го зголемуваме. Се боревме и не го направивме тоа. Бараа и променлив данок, но ние викавме не, данокот ќе си биде рамен. Се боревме и ќе се бориме“, рече Мицкоски.

Loading