Страшни детали за загинатите лица во дискотеката „Пулс“ постојано се обелоденуваат во јавноста.
Речиси и да нема фамилија во Кочани која не изгуби близпок или подалечен роднина.
Продавач во трафика денеска раскажа за една од најпотресните сцени кои се случиле кобната ноќ.
„Полицаец го изгуби своето дете во пожарот. Дојде на местото на несреќата и сам го извади телото. Од страв да не направи нешто лошо, колегите му го одзедоа пиштолот. Ова е неопислива тага, немам зборови“, раскажува тој за „Информер“.
![]()

