Неверојатна сцена беше забележана по завршувањето на финалето на Мастерсот во Мајами.
Чешкиот тенисер Јакуб Меншик ја освои својата прва титула во кариерата, откако со 2:0 (7:6, 7:6) го совлада Новак Ѓоковиќ.
Со тоа, воедно го спречи Новак да ја освои својата јубилејна 100-та титула.
Меншик му даде нова димензија на вообичаеното честитање покрај мрежата. Тргна кон Новак, а потоа му се поклони длабоко, иако беше победник на мечот.

Познато е дека Меншик истакнува дека Ѓоковиќ му е идол и дека најмногу научил кога Новак го поканил да тренираат заедно во Белград и во Црна Гора.
„Новак знаеше дека ми е идол и затоа ме повика да тренираме заедно, прво во Белград, а потоа во Црна Гора. Поминавме време и на теренот и надвор од него. Феноменално е кога еден од најдобрите тенисери во историјата ќе те повика и ќе ти даде шанса да тренираш со него. Сите тие искуства и совети се многу вредни. Јас играм тенис поради Новак. Да не беше тој, немаше да бидам тука“, изјави еднаш Чехот.
![]()

