Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека на полноќ, според локалното време, ќе стапат на сила „возвратни царини“, вклучувајќи 25% царина на увозот на сите автомобили од странско производство.
Трамп изјави дека ќе потпише извршна наредба за воведување на царините и нагласи дека 2 април 2025 година „засекогаш ќе остане запаметен како денот кога американската индустрија се прероди“.
Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит, претходно изјави дека претседателот Трамп има брилијантен тим советници кои ги проучуваат овие прашања со децении.
„Фокусирани сме на обнова на златната ера на Америка и нејзино претворање во производствена суперсила“, изјави Левит.
Негативниот ефект ќе се почувствува и во Европа, а посебно ќе ја погоди Германија, каде што автомобилскиот сектор учествува со една четвртина од вредноста на индустријата. Неизбежно, потресот ќе се почувствува и во Македонија, на која САД и воведе царини од 33 отсто, речиси исто како на Кина која доби стапка 34 отсто.
Според Државниот завод за статистика, Македонија имала извоз на стока во вредност од околу 21.800.000 долари. Со царинската стапка од 33 отсто, цената на таа стока ќе биде за третина поскапа, односно кога ќе стигне на американско тло ќе чини околу 29 милиони долари поради што ќе поскапат и македонските производи на американскиот пазар.
![]()

