По седум години неработење, комплексот „Македонско село“ добива нов концесионер.
Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски ја потпиша одлуката за избор на концесионер на комплексот, кој се избра на законски и транспарентен начин, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува и оперира Министерството за финансии.
Концесионерот има обврска да ги преземе сите потребни активности за оспособување на Комплексот за почеток со работа од 1.06.2025 година.
Комплексот „Македонско село“ не функционира речиси седум години, откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби, а во меѓувреме, СОЗР редовно ги исплатуваше трошоците за осигурување и обезбедување и практично имаше финансиски загуби од над 300.000 евра.
![]()

