„Овие земји ми се јавуваат, ми го бакнуваат задникот“: Трамп се пофали пред Конгресниот одбор

Неколку часа пред да стапи на сила новиот пакет царини, американскиот претседател Доналд Трамп се обрати на Националниот републикански конгресен одбор.

Тој се фалеше со бројот на земји кои што се јавувале за да се договорат за намалување на царините.

„Овие земји ми се јавуваат, ми го бакнуваат задникот. Умираат од желба да се договорат“, порача Трамп, пренесува Index.hr.

„Ве молиме, Ве молиме, господине, договарајте се со нас. Ќе направиме сè“, се потсмеваше Трамп, наводно имитирајќи го однесувањето на тие земји.

Повторно нагласи дека тој е во право, додека останатите се во заблуда во врска со опасностите од примената на царините.

„Проклето знам што правам. Јас сум единствениот што ќе воведе царини затоа што сите се плашат. Тие се плашат од критика“, рече Трамп.

Портпаролката на Белата куќа претходно соопшти дека телефоните „не престануваат да звонат“ и дека дури 70 земји изразиле желба за договор.

Axios вчера објави дека најмалку десетина републиканци во Претставничкиот дом размислуваат да го поддржат законскиот предлог според кој американскиот Конгрес треба да ги одобри царините во рок од 60 дена, инаку тие автоматски ќе се укинат.

„Гледам некој бунтовен републиканец, некој тип кој сака да каже: ‘Мислам дека Конгресот треба да ги преземе преговорите.’ Да ви кажам, вие не преговарате како што преговарам јас“, изјави Трамп.

„Токму тоа го видов денеска, некои ваши конгресмени. Мислат дека треба да се вклучат во преговорите за царините. О, токму тоа ми треба, ми треба некој тип што ќе ми кажува како да преговарам“, саркастично порача Трамп.

Loading