Нова трагедија го потресе светот: Најмалку 22 загинати во пожар во кинески ресторан

Во пожар во ресторан во североисточна Кина во вторник загинаа 22 лица, објави официјалната новинска агенција Xinhua, без да ја наведе причината за пожарот.

Агенцијата објави дека претседателот Кси Џинпинг го нарекол ова „длабоко отрезнувачка лекција“ и ги повикал лекарите да се грижат за повредените, а локалните власти да утврдат што го предизвикало пожарот и да ги пронајдат одговорните.

Пожарот избувнал во ресторан во станбена област во градот Лиаојанг во покраината Лиаонинг, објави државната телевизија CCTV. Три лица се повредени.

Снимките што кружат на социјалните медиуми, вклучувајќи ги X и кинеската платформа Douyin, а чија автрентичност ја потрдил Reuters, покажуваат светло портокалови пламени како зафаќаат продавница на ниво на улица, покрај десетици паркирани возила. Можеше да се види како се издига чад додека болничарите им помагаа на луѓето на носилки.

Хао Пенг, секретар на покраинскиот комитет на владејачката партија во Лаонинг, изјави дека на местото на настанот се распоредени 22 противпожарни возила и 85 пожарникари. Хао рече дека спасувачките операции на местото се завршени и дека луѓето се евакуирани.

Ова беше најновиот во низата слични инциденти низ целата земја во последните години. Во април, 20 лица загинаа во пожар што избувна во дом за стари лица во северната покраина Хебеј.

Истекувањето на гас предизвика најмалку две големи експлозии во станбени области минатата година, при што во експлозија во ресторан во покраината Хебеј во март загинаа две лица, а 26 беа повредени. Во експлозија во облакодер во јужната покраина Шенжен во септември загина едно лице.

Loading