Земјотрес го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.

Земјотресот се случил на длабочина од осум километри во морето.

Засега нема информации за повредени, тамошните медуми пренесуваат дека полицијата и екипите на противпожарната единица се на терен, а допрва ќе биде познат и целиот исход од овој земјотрес.

Loading