Патнички авион на индиската авиокомпанија „Ер Индија“ се урна во близина на аеродромот во градот Ахмедабад кратко по полетувањето за Лондон. Според првичнте информации, во авионот имало повеќе од 240 патници.
Индиските медиуми јавуваат дека авионот се урнал во населено место во градот Ахмедабад на запад во државата. Сите патишта до областа се затворени.
Боинг Дримлајнер 787 има капацитет до 300 патници, а индиски медиуми јавија дека во авионот имало 242 патници и членови на екипажот.
Итните служби, вклучувајќи противпожарни бригади, тимови за одговор при катастрофи и амбулантни возила, стигнаа на местото на настанот за неколку минути и започнаа масовни операции за спасување. Повредените лица се однесени во блиските болници, а областа е затворена за да им се овозможи на возилата за итни случаи слободно да се движат. Точниот број на жртви и состојбата на лицата во авионот сè уште не се официјално потврдени, бидејќи спасувачките напори сè уште се во тек.
VIDEO | Ahmedabad: Smoke seen emanating from airport premises. More details are awaited.
(Full video available on PTI Videos – https://t.co/n147TvrpG7)
(Source: Third Party) pic.twitter.com/qbO486KoEo
— Press Trust of India (@PTI_News) June 12, 2025
![]()

