Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува идејата за една изборна единица

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, денеска истакна дека партијата нема никаков проблем да ја поддржи иницијативата за воведување една изборна единица во земјата.

Мицкоски го повтори партискиот став дека ќе поддржат воведување една изборна единица, со право на глас и за македонската дијаспора.

„Нема поголемо демократско право од тоа дијаспората да учествува во изборниот процес, како на парламентарни, така и на претседателски избори“, рече премиерот, реагирајќи на обвинувања од пратеничка од опозицискиот Европски фронт дека Владата не се грижела за дијаспората преку новиот Закон за локална самоуправа.

„Ние сме за тоа да имаме една изборна единица каде што сите гласови – и од резидентното население и од дијаспората – ќе се влеваат во една заедничка изборна база. Со тоа ќе се избегнат непотребни трошоци и поделба на изборни единици“, објасни Мицкоски. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да поддржи и поставување гласачки места и надвор од дипломатско-конзуларните претставништва, во држави каде тоа е дозволено.

Loading