Стигна прогнозата за следната седмица – метеоролозите немаат добри вести!

По краткиот пад на температурите и нестабилноста која се очекува од денес (четврток) и во текот на викендот, со можност за локално невреме, следната седмица повторно ќе биде обележана со силен топлотен бран и температури околу 40 степени.

До недела времето ќе биде променливо, со повремена облачност, локални врнежи и ретки грмежи, особено во попладневните часови. Во делови од земјата можно е и краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за град.

Меѓутоа, од понеделник натаму се очекува стабилизирање на времето и забрзан пораст на температурите. Веќе од вторник и среда, дневните максимални вредности ќе се движат меѓу 37 и 40°C, а во некои делови од југоистокот и Пелагонија можни се и над 40°C.

Овој нов топлотен бран, според досегашните прогнози, ќе се задржи во текот на целата работна седмица, со сончево и екстремно топло време. Ваквите услови значат зголемен ризик од пожари, но и опасност за чувствителните групи на население, поради што се препорачува внимателно изложување на сонце, особено во најтоплиот дел од денот.

Loading